|
|
РАБОТОДАВАЧИ
Од 05.11.2009 година стапуваат во сила најновите измени на Законот за работни односи ( Службен весник број 130/ 09 од 28.10.2009 година).
Со овие измени се укинува можноста за РЕТРОАКТИВНО ПРИЈАВУВАЊЕ РАБОТНИЦИ.
Со член 13 став 3 се предвидува пријавување на работници ПРЕД СТАПУВАЊЕ НА РАБОТА ! ! !
Во продолжение е интегралниот текст на член 13 став 3 :
,, Работодавачот е должен да поднесе пријава - одјава ( образец М1/ М2 ) за работникот во задолжително социјално осигурување ( пензиско-инвалидско , здравствено осигурување и осигурување во случај на невработеност ) во согласност со посебните прописи во Агенцијата за вработување на Република Македонија по електронски пат или непосредно во Агенцијата пред работникот да стапи на работа. Заверена фотокопија од пријавата му се врачува на работникот во рок од три дена од денот на стапувањето на работа,,.
|
|
|
|
Привремените вработувања - новина кај нас , одамна воспоставена пракса низ светот.
Обезбедувањето привремени работници е решение за кадровските проблеми во компаниите кое со тек на време се покажало како многу успешна пракса во практично сите земји во Европа и низ светот.
|
|
Успешноста на Агенциите за привремена работа, е резултат на можноста за обезбедување на флексибилност и за компаниите - клиенти и за кандидатите - потенцијалните привремени работници, без да се доведе во прашање квалитетот на работната сила.
Привремената работа ги разликува следниве релации:
* Агенцијата за привремена работа
* Клиентот- компанијата , која има работно место на кое треба да се ангажира привремен работник
* Привремениот работник
|
|
|
|